До редакцијата на „Скопје1“ пристигна видео од Детската улица во Ново Лисиче, каде што се пушта музика од Тоше Проески. Во изминатиот период дел од жителите од овој дел на градот реагираа и се жалеа на, како што тврдеа, прегласна музика која го нарушува мирот.Сепак, граѓанинот кој го испрати видеото тврди дека музиката воопшто не е гласна и дека снимката, според него, покажува дека атмосферата е мирна и далеку од обвинувањата за прекумерна бучава. На видеото музиката се слуша со умерен интензитет.