„Не бараме сочувство, бараме одговорност“, порача учесничка на протестот во Скопје по трагедијата во Богданци, во која животот го загуби 17-годишната Билјана Кириќ. Демонстрантите побараа конкретни санкции за институционалните пропусти, итни законски измени за заштита од насилство и разрешување на функционерите кои со своите јавни ставови го оправдуваат или нормализираат насилството врз жените.„За сите пропусти бараме имиња, одговорност и санкции. Итно поднесување и усвојување на законските изме