Најмалку 14 лица загинале во пожар што вчера избувнал во повеќекатна зграда во градот Тајјуан, во северната кинеска покраина Шанси, објави денеска државната новинска агенција Синхуа.Уште 25 лица се наоѓаат во болница, од кои девет се здобиле со тешки повреди, пренесуваат медиумите, повикувајќи се на податоци од надлежните власти.Пожарот избувнал вчера попладне во зграда во централното подрачје на Тајјуан. На пожарникарите им биле потребни околу два часа за да го стават под контрола и да го изгас