
Британската музичка свезда Роби Вилијамс имаше мала телевизиска непријатност по неговиот настап во финалето на Светското првенство, која подоцна, во својот препознатлив стил, ја претвори во шега.
Пејачот го отвори финалето со Лаура Паусини и Никол Шерцингер изведувајќи ја песната „Desire“, но повеќе внимание од неовиот настап привлече неговиот подоцнежен разговор за германскиот канал „Магента спорт“. Во текот на анализата на натпреварот, на 52-годишниот Вилијамс од устата (или носот?) мал бел предмет му падна на микрофонот. Тој се обиде дискретно да го отстрани, но му се залепи на челото, што набрзо стана хит на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Вилијамс се пошегува на своја сметка
Видеото брзо стана вирално, а интернет беше преплавен со шпекулации за тоа што всушност се случило. Вилијамс брзо одлучи да стави крај на шпекулациите и се огласи на Инстаграм.
Во видео снимено од неговиот кревет, тој го започна својот говор со сериозен тон.
„Би сакал да се извинам поради предметот што вчера падна на микрофонот. Се однесував крајно непрофесионално и луѓето се загрижија за мене“, рече тој.
Потоа целосно го смени тонот. Го исплази јазикот, на кој имаше уште две тркалезни бомбони, и извика: „Но, сè е во ред, затоа што имав уште неколку!“
Пејачот потоа се насмеа, а следбениците во коментарите ја пофалија неговата смисла за хумор. Мајкл Бубле го нарече „легенда“, еден корисник напиша: „Победник на Светското првенство 2026 – Роби Вилијамс“, додека друг додаде: „Ете, затоа те сакаме“.
View this post on Instagram
Потврдено: Тоа било бомбон од ментол
Недолго по огласувањето на Вилијамс и британски „Сан“ потврди дека мистериозниот „предмет“ всушност бил полуизџвакан бомбон од ментол.
„Кутриот Роб се разбуди со стотици пораки од пријатели и обожаватели кои го прашуваа што се случило“, рекол извор близок до пејачот.
„На почетокот не знаеше за што станува збор, но потоа сфати дека луѓето виделе како му испаѓа бомбон Никорет и помислиле дека станува збор за нешто сомнително. Секако, не беше така.“
Изворот додал дека Роби има одлична смисла за хумор и дека целата ситуација искрено го забавила. Вилијамс е трезен повеќе од 20 години и постојано отворено зборувал за своите борби со зависноста од алкохол и дрога.