Познатата водителка и поранешна лото-девојка Марјана Станојковска повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста и да стане една од најкоментираните личности на социјалните мрежи.

Атрактивната Марјана објави видео на својот инстаграм-профил облечена во сино бикини и ја истакна својата вита фигура. Водителката облечена во сино бикини ужива покрај базен и со тоа ја отвори летната сезона.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Видеото за кратко време собра бројни реакции, „лајкови“ и комплименти од нејзините обожаватели, кои не штедеа пофални зборови за нејзиниот изглед.

Факт е дека Марјана и по толку години на јавната сцена успева да изгледа негувано и да биде во одлична форма.

Марјана Станојковска е дама која е препознатлива по нејзината вита става, русата долга коса и по убавото лице.

Марјана во 2005 година ја освои титулата за Мис на Македонија. Истата година како претставничка од нашата земја Марјана учествуваше на изборот за „Мис Бикини на Универзумот“ каде беше крунисана како „Мис Бикини на Светот“.