
Принцезата од Велс Кејт Мидлтон повторно привлече внимание со својот извонреден моден вкус, потврдувајќи ја својата репутација како една од најелегантните жени денес.
На венчавката на Питер Филипс и Хариет Сперлинг, принцезата се појави во внимателно осмислена комбинација која ги споила префинетоста на луксузните парчиња и модни детали кои финансиски може да си ги дозволи секоја девојка и жена, што особено ја заинтересира јавноста.
За оваа свечена пригода, Кејт Мидлтон избрала елегантен фустан во нежна беж нијанса, кој го дизајнирал Роланд Муре. Изгледот го комплетирала со уникатеен шешир од британската работилница „JTMilinery“, дизајниран специјално за неа.
View this post on Instagram
Меѓутоа, најголемото внимание не го привлекол фустанот, туку малиот моден додаток, плетена чанта од австралискиот бренд „Forever New“.
Иако малата чанта позната и како „клатч“, чини само околу 33 евра, стана главна тема на модните медиуми и социјалните мрежи, бидејќи принцезата од Велс уште еднаш покажа дека добриот стил не зависи исклучиво од скапи парчиња.
Интересно е што ова не е првпат таа да ја носи оваа чанта. Истиот модел веќе беше дел од нејзиниот стајлинг во текот на прославата на платинскиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора во 2022 година. Познато е дека модните парчиња што ги носи Кејт честопати стануваат многу барани, па и овој пат чантата брзо се распродала.
Плетените детали дале освежителна летна нота на целата комбинација и одлично се вклопиле со неутралните тонови на остатокот од стилот. Ваквите модни додатоци се особено барани во текот на летните месеци и често се избираат за венчавки, прослави на отворено и други празнични пригоди.
На пазарот можат да се најдат многу слични модели по прифатливи цени.
Со ова издание, принцезата од Велс уште еднаш покажа дека вистинскиот стил често се рефлектира во внимателно одбрани детали, како и дека токму едноставните и ненаметливи парчиња можат да остават најсилен впечаток.
View this post on Instagram