Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, повторно е во центарот на американската политичка сцена, две години по поразот од Доналд Трамп на претседателските избори. Со остри критики кон актуелниот претседател и пораки за иднината на Демократската партија, таа не ја исклучува можноста повторно да се бори за Белата куќа во 2028 година.Харис во рамките на кампањата за претстојните меѓуизбори посети кандидати на Демократската партија во седум сојузни држави, а турнејата ја заврши со дводнев