Долгогодишната естрадна новинарка Соња Алексоска Неделковска упати пофалби до Слаткаристика за поддршката што им ја даваат на младите музички таленти, но воедно посочи дека на новите генерации им недостига сценската енергија што ја имаат поискусните изведувачи.„Секоја чест на тоа што го правите, особено Слаткар, што им ја отвораш вратата на сите млади. Имам чувство дека сите овие млади кои доаѓаат се исклучително талентирани“, рече Алексоска Неделковска.Таа оцени дека кај новите автори препознава мелодичност и талент, но смета дека недостига сценскиот настап и енергијата што ја имале изведувачи како Слаткар и Тони Зен.„Не ја препознавам таа енергија, особено на Тони Зен при изведба на композицијата. Односно, се појавуваш на сцена и го јадеш микрофонот“, истакна таа.Според Алексоска Неделковска, музичката сцена има потреба од школа во која младите артисти ќе работат на вокалната техника, сценскиот настап и живата изведба.„Би ве советувала како продукција, како Тони Зен и сѐ, да отворите една школа. Нашите нови ѕвезди да работат на гласот, на изразот, на носење во живо на песната онака како што вие двајца ја носите“, порача таа.Новинарката нагласи дека харизмата може да привлече публика, но дека квалитетната изведба е клучна за долгорочен успех.„Вокалот е најбитното нешто, односно изведбата. Харизмата може да земе публика, но квалитетот, изведбата и пеењето во живо се најважни“, рече Алексоска Неделковска, потсетувајќи на концертот на Слаткар и Тони Зен во арената „Борис Трајковски“.Таа додаде дека низ годините внимателно го следела нивниот развој и смета дека тие прераснале во комплетни сценски изведувачи.(Видео) Kaj новите генерации не ја гледам енергијата што ја имаа Слаткар и Тони Зен на сцена, отворете школа за нив, им порача новинарката Неделковска
Долгогодишната естрадна новинарка Соња Алексоска Неделковска упати пофалби до Слаткаристика за поддршката што им ја даваат на младите музички таленти, но воедно посочи дека на новите генерации им недостига сценската енергија што ја имаат поискусните изведувачи.„Секоја чест на тоа што го правите, особено Слаткар, што им ја отвораш вратата на сите млади. Имам чувство дека сите овие млади кои доаѓаат се исклучително талентирани“, рече Алексоска Неделковска.Таа оцени дека кај новите автори препознав...
Долгогодишната естрадна новинарка Соња Алексоска Неделковска упати пофалби до Слаткаристика за поддршката што им ја даваат на младите музички таленти, но воедно посочи дека на новите генерации им недостига сценската енергија што ја имаат поискусните изведувачи.„Секоја чест на тоа што го правите, особено Слаткар, што им ја отвораш вратата на сите млади. Имам чувство дека сите овие млади кои доаѓаат се исклучително талентирани“, рече Алексоска Неделковска.Таа оцени дека кај новите автори препознава мелодичност и талент, но смета дека недостига сценскиот настап и енергијата што ја имале изведувачи како Слаткар и Тони Зен.„Не ја препознавам таа енергија, особено на Тони Зен при изведба на композицијата. Односно, се појавуваш на сцена и го јадеш микрофонот“, истакна таа.Според Алексоска Неделковска, музичката сцена има потреба од школа во која младите артисти ќе работат на вокалната техника, сценскиот настап и живата изведба.„Би ве советувала како продукција, како Тони Зен и сѐ, да отворите една школа. Нашите нови ѕвезди да работат на гласот, на изразот, на носење во живо на песната онака како што вие двајца ја носите“, порача таа.Новинарката нагласи дека харизмата може да привлече публика, но дека квалитетната изведба е клучна за долгорочен успех.„Вокалот е најбитното нешто, односно изведбата. Харизмата може да земе публика, но квалитетот, изведбата и пеењето во живо се најважни“, рече Алексоска Неделковска, потсетувајќи на концертот на Слаткар и Тони Зен во арената „Борис Трајковски“.Таа додаде дека низ годините внимателно го следела нивниот развој и смета дека тие прераснале во комплетни сценски изведувачи.