Актерот Џејмс Хенди, познат по своите улоги во филмови како „Топ Ган: Маверик“, „Рактер“ и „Џуманњи“, е идентификуван како жртва на смртоносен напад со нож во Лос Анџелес во средата, соопшти полицијата. Полицијата го приведе осомничениот, 44-годишниот Мајкл Гледхил, кој е син на партнерката на актерот.

Полициската управа на Лос Анџелес соопшти дека полицајците одговориле на пријава за „непознат проблем“ во населбата Тарзана во градот во средата, каде што го пронашле Хенди во дворот на куќа со убодна рана во пределот на градите.

Тој бил префрлен во болница, каде што бил прогласен за мртов.

Според наводите полицијата на Лос Анџелес, осомничениот се јавил на 911 и рекол: „Јас сум син човечки, штотуку го убив човекот на гревот“.

Надзорната камера од соседната зграда снимила маж како оди по тротоарот во непосредна близина на местото на злосторството. Според извештаите на американските медиуми, основано се сомнева дека на видеото е 44-годишниот Мајкл Гледхил, син на партнерката на Хенди. Видеото го прикажува осомничениот како оди по улицата и неколкупати го допира лицето.

 

Во моментот кога е снимен со камерата, човекот носел сини панталони и розова маица. Посебно внимание на јавноста привлече неговото исклучително смирено однесување, со оглед на тоа што, според полицијата, во тие моменти трагичниот настан веќе се случил.

Истражителите го товарат 44-годишниот Мајкл Гледхил, син на девојката на Хенди, за прободување на актерот, иако властите сè уште не откриле мотив за нападот.

Полицијата соопшти дека Гледхил им мавнал на полицајците кои пристигнале на местото на злосторството и им рекол дека тој е лицето што го бараат.

Гледхил, кој живеел со својата мајка и со Хенди, бил уапсен и приведен под сомнение за убиство. Кауцијата била одредена на 2 милиони долари.