Иран вечерва испали балистички ракети кон северен Израел, активирајќи сирени за воздушен напад во неколку области, вклучувајќи го и крајбрежниот град Хаифа.

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека идентификувала лансирање ракета од Иран кон израелска територија и дека се активирани системите за воздушна одбрана.

„Одбранбените системи работат на пресретнување на заканата. Командата за цивилна одбрана испрати прелиминарни предупредувања до мобилните телефони во погодените области“, соопшти ИДФ.

Според израелската служба за итни случаи „Маген Давид Адом“, две лица се повредени додека се упатувале кон засолништа по последниот ирански напад со балистички ракети врз Израел.

Според досега достапните информации, тие се единствените повредени во најновиот бран ирански напади.

Според соопштението на Иранската револуционерна гарда (IRGC), кое го објави новинската агенција Фарс, вечервашниот напад бил предупредување.

„Вечерашната операција беше само предупредување. Доколку агресијата се повтори, одговорот ќе биде поширок и ќе ги вклучи сите американски и ционистички цели во регионот“, соопшти IRGC.

Иранската револуционерна гарда изјави дека причината за вечервашниот напад со балистички ракети врз северен Израел е продолжувањето на израелските напади врз Либан, како и американските напади врз иранските брегови и бродови во Ормутскиот теснец, Оманскиот Залив и Индискиот Океан.

Текстот ВИДЕО: Иран го нападна Изарел е превземен од А1он.