Кристијан Стефановски од „Прагма продукција“ најави дека концертот на Слаткаристика во Охрид на 2 Август има амбиција да прерасне во традиционален музички настан посветен на македонската музика.„Кога седнавме со Слаткар и разговаравме дваесет години да биде во срцето на Македонија, во Охрид на најголемиот македонски празник, рековме дека ќе ги искористиме буквално сите наши адути со заеднички сили и ќе успееме тоа да биде спектакл на којшто и публиката и артистите ќе бидат презадоволни и ќе стане една традиција на втори август во Охрид да се случуваат само македонски концерти“, изјави Стефановски.Тој посочи дека покрај концертот на Слаткаристика, „Прагма продукција“ организира и низа други големи музички настани.„Покрај Слаткар, морам да напоменам дека имаме концерти на Дупер во Битола, во Хераклеја и во Охрид. Имаме концерти на Симон Трпчески во Битола и во Охрид. Имаме концерт на Некст Тајм во арената „Борис Трајковски“ на 27 ноември, имаме концерт на 17 октомври на Калиопи во арената „Борис Трајковски““, рече Стефановски.Тој додаде дека продукцијата и годинава продолжува со вложувања во домашната музичка сцена.„Од минатата година и оваа година продолжуваме да ја билдаме музиката на највисоко можно ниво. Минатиот пат кажав дека прво треба да си го гледаме своето, па после други“, порача Стефановски.