На теренска прес-конференција во Струмица, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Тања Илијоска побара Владата итно да ги обештети земјоделците погодени од неодамнешното невреме во Струмичкиот регион, оценувајќи дека штетите се огромни и дека е неопходна брза финансиска помош за настраданите.Илијоска изјави дека невремето предизвикало големи штети врз земјоделските површини, пластениците, домовите и земјоделската механизација не само во Струмица, туку и во општините Босилово, Ново Село и Василево.