Француските власти наредија целосна евакуација на полуостровот Кап Фере, едно од најпознатите летувалишта на југозападниот брег на Франција, поради големиот шумски пожар што продолжува да се шири. Илјадници жители и туристи го напуштија подрачјето, дел по копнен пат, а дел со бродови.Префектот на департманот Жиронда, Софи Брока, ја нареди завршната фаза од евакуацијата, при што жителите беа упатени да заминат по главниот пат кон Бордо, додека за останатите беа организирани бродови од четири прис