Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро ќе биде пуштен во употреба, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во моментов се асфалтираат пристапните улици, откако претходно биле решени имотно-правните прашања и ослободена трасата за изградба.Ѓорѓиевски потсети дека ветил оти мостот ќе биде ставен во функција во текот на неговиот четиригодишен мандат, но процесот, како што наведува, е придвижен за помалку од една година.Со завршувањето на пристапните улици, мостот треба да ги поврзе