Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека украинските сили извршиле нови напади длабоко на руска територија, при што биле погодени воени и енергетски цели, оддалечени и повеќе од 900 километри од линијата на фронтот.„Продолжуваме да ги спроведуваме украинските удари со долг дострел врз руските воени објекти и нафтената индустрија“, напиша Зеленски на платформата Икс.Тој наведе дека во текот на изминатата ноќ украинските дронови ФП-5 „Фламинго“ погодиле воен погон во Чебоксари, кој, според Киев, произведува компоненти за дронови и ракети што ги користи руската армија. Мета на нападите била и рафинеријата „Кујбишев“ во Самарската област, една од најголемите во регионот и дел од структурата на руската нафтена компанија „Росњефт“.Зеленски соопшти дека биле нападнати и два објекта од нафтената инфраструктура во Владимирската област, на околу 700 километри од украинската граница.„Ова се целосно праведни одговори на Службата за безбедност на Украина“, порача украинскиот претседател.Фабриката ВНИИР-Прогрес во Чебоксари, која беше посочена како една од целите, според украинските власти, произведува антени наменети за заштита на руските ракети и беспилотни летала од системите за електронско војување.Руските власти засега не објавија официјални информации за евентуалната штета или последиците од нападите.