Емотивна средба се случи помеѓу семејството на трагично починатиот Аган Асани од Черкезе, Куманово и младиот Давид Докмановиќ од селото Умин Дол.Давид неодамна ја освои симпатијата на јавноста откако својот гол го посвети на 13-годишниот Аган, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.Во знак на благодарност за неговиот гест, семејството на Аган го посети младиот фудбалер и му ја подари фудбалската топка со која Аган играл во својот дом.Гестот предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи, каде што многумина ја истакнаа човечноста, емпатијата и силната порака на пријателство и почит што ја испратија двете семејства.Аган Асани трагично го загуби животот откако, додека управувал електричен тротинет, бил удрен од автомобил. Неговата смрт предизвика голема тага во Куманово и пошироко, а споменот за него продолжува да живее преку вакви трогателни гестови.