Земјотрес со магнитуда од 5,6 степени според Рихтеровата скала рано утрово ја потресе централна и западна Колумбија, при што најмалку едно лице е повредено, а е причинета и материјална штета.Потресот бил регистриран на длабочина од околу 19 километри, во близина на градот Чапарал, на околу 150 километри југозападно од главниот град Богота. Жителите на департманот Толима, почувствувајќи го тресењето, истрчале на улиците.Според надлежните служби, едно лице било повредено откако врз него паднал ѕид