Еден полицаец загина, а тројца негови колеги беа ранети во престрелка со маж во предградие на Денвер, во американската сојузна држава Колорадо. Осомничениот бил убиен по размената на оган, соопштија надлежните органи.

Полицијата интервенирала по пријава за сомнително лице кое се обидело да влезе во автобус и за кое постоело сомнение дека претходно во текот на денот било вмешано во сообраќајна несреќа по која возачот избегал од местото на настанот, пренесе Асошиејтед прес (АП).

Кога полицајците пристигнале кај автобусот, околу 18:30 часот, мажот отворил оган. Засега не е познато дали престрелката се случила во автобусот или во негова непосредна близина.

Тројцата ранети полицајци се хоспитализирани. Повредено е и уште едно лице, но засега нема информации за неговата здравствена состојба ниту за околностите под кои се здобило со повредите.

Имињата на загинатиот полицаец, ранетите и осомничениот не се објавени.

Текстот (ВИДЕО) Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелка во близина на Денвер е превземен од А1он.