
Контроверзните инфлуенсери Ендру и Тристан Тејт вчера беа уапсени од страна на федералните власти во Мајами, соопшти Американската маршалска служба. Тие се уапсени откако британските власти објавија дека поднесуваат нови обвиненија против нив, јави Би-би-си.
Ендру и Тристан Тејт се уапсени во Мајами по барање на британските власти, кои ја започнуваат постапката за нивна екстрадиција во Велика Британија. Апсењето го извршила Службата на американските маршали на 18 јули, врз основа на запечатен налог поврзан со обвиненија за силување и трговија со луѓе за сексуална експлоатација.
Британските власти ги обвинија браќата за злоупотреба на жени во источна Англија, во регионот северно од Лондон, помеѓу 2010 и 2017 година.
Ендрју Тејт, самопрогласен мизогинист чии објави на интернет се прегледани милијарди пати, се соочува со 42 обвиненија. Тој е обвинет за силување, трговија со луѓе, поседување експлицитни фотографии од деца, и физички напад, соопштија обвинителството и полицијата во Бедфордшир. Неговиот брат Тристан се соочува со 17 обвиненија, вклучувајќи сексуален напад, силување и трговија со луѓе.
Both Andrew and Tristan Tate have been arrested by U.S. Marshals outside of a private event in Miami, Florida, following an extradition request by the UK Government against the brothers on over fifty charges related to rape, arranging or facilitating trafficking for sexual… pic.twitter.com/zW9qOOhlFU
— OSINTdefender (@sentdefender) July 19, 2026
Помошникот началник на полицијата Карена Томас од полицијата во Бедфордшир изјави: „Полициските службеници од нашата единица за сериозен криминал тесно соработуваа со Обвинителството и националните и меѓународните агенции на оваа сложена истрага“.
Браќата Ендру и Тристан Тејт се соочуваат со обвиненија за силување, трговија со луѓе и сексуална експлоатација на жени во Романија и во Велика Британија. Романските власти ги уапсија во декември 2022 година, под сомнение дека организирале криминална група која намамувала жени и ги принудувала да произведуваат сексуална содржина. Тие поминаа околу три месеци во притвор, по што беа префрлени во домашен притвор, а подоцна беа ставени под судска контрола.
Во февруари лани, обвинителството неочекувано им ја укина забраната за напуштање на земјата, по што со приватен авион заминаа во САД. Одлуката беше контроверзна бидејќи непосредно пред тоа беше објавено дека претставници на администрацијата на Доналд Трамп вршеле притисок вез романските власти да им ги олеснат ограничувањата. Во Британија браќата се обвинети и за силување, нанесување телесни повреди и трговија со луѓе, а тие ги негираат сите обвиненија.
Се очекува браќата наскоро да се појават пред федерален суд во Мајами.
Нивниот адвокат Џозеф Мекбрајд изјави дека тие целосно ги негираат обвиненијата и ги нарече новите обвинувања „клеветничка кампања“, тврдејќи дека се прават обиди тие никогаш да не се појават пред суд.