Двајцата вештаци кои требаше да ги објаснат ДНК-трагите пронајдени на парите и фолиите во кои биле завиткани сноповите не се појавија на рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов, познат како случајот со парите пронајдени во ѕид.Првиот, Атанас Козарев, бил болен, за што одбраната уверува дека ќе донесе лекарско уверение, додека вториот, Антонио Ѓорѓиев, утрово преку СМС-порака го известил бранителот на Ѓоко Ристов дека е спречен да дојде поради тоа што вештачењето сè уште не било изготве