Заменикот на британскиот премиер, Дејвид Лами, откри дека телефонски разговарал со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кому му порачал дека не е во право кога убиството на британскиот студент Хенри Новак го поврзал со масовната миграција.Контроверзијата започна откако Венс на социјалните мрежи објави дека 18-годишниот Хенри Новак би бил жив доколку европските политички елити, според него, се спротивставеле на „масовната инвазија на мигранти“.Лами за Би-Би-Си изјави дека директно му посочил на Венс дека случајот нема никаква поврзаност со миграцијата. Тој нагласил дека осудениот убиец, Викрум Дигва, е британски државјанин роден во Обединетото Кралство.Новак беше избоден со нож во декември минатата година во Саутемптон. Судот му изрече доживотна затворска казна на Дигва, кој ќе може да бара условно ослободување дури по издржување на најмалку 21 година затвор.Случајот предизвика силни реакции во британската јавност, особено поради полициската интервенција, откако снимките покажаа дека полицијата му ставила лисици на Новак додека умирал, верувајќи во лажната пријава на напаѓачот дека бил жртва на расистички напад.Од кабинетот на британскиот премиер ги осудија обидите случајот да се користи за поттикнување поделби во општеството. Во меѓувреме, независно тело ја истражува постапката на полицијата во Хемпшир, а локалниот полициски началник веќе се извини за начинот на кој бил третиран Новак.И покрај несогласувањата околу овој случај, Лами истакна дека со Венс имаат долгогодишни пријателски односи и редовно комуницираат за низа политички прашања.Венс ја обвини Британија по убиството на Хенри Новак, Лондон возврати
Заменикот на британскиот премиер, Дејвид Лами, откри дека телефонски разговарал со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кому му порачал дека не е во право кога убиството на британскиот студент Хенри Новак го поврзал со масовната миграција.Контроверзијата започна откако Венс на социјалните мрежи објави дека 18-годишниот Хенри Новак би бил жив доколку европските политички елити, според него, се спротивставеле на „масовната инвазија на мигранти“.Лами за Би-Би-Си изјави дека директно му посочил...
Заменикот на британскиот премиер, Дејвид Лами, откри дека телефонски разговарал со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кому му порачал дека не е во право кога убиството на британскиот студент Хенри Новак го поврзал со масовната миграција.Контроверзијата започна откако Венс на социјалните мрежи објави дека 18-годишниот Хенри Новак би бил жив доколку европските политички елити, според него, се спротивставеле на „масовната инвазија на мигранти“.Лами за Би-Би-Си изјави дека директно му посочил на Венс дека случајот нема никаква поврзаност со миграцијата. Тој нагласил дека осудениот убиец, Викрум Дигва, е британски државјанин роден во Обединетото Кралство.Новак беше избоден со нож во декември минатата година во Саутемптон. Судот му изрече доживотна затворска казна на Дигва, кој ќе може да бара условно ослободување дури по издржување на најмалку 21 година затвор.Случајот предизвика силни реакции во британската јавност, особено поради полициската интервенција, откако снимките покажаа дека полицијата му ставила лисици на Новак додека умирал, верувајќи во лажната пријава на напаѓачот дека бил жртва на расистички напад.Од кабинетот на британскиот премиер ги осудија обидите случајот да се користи за поттикнување поделби во општеството. Во меѓувреме, независно тело ја истражува постапката на полицијата во Хемпшир, а локалниот полициски началник веќе се извини за начинот на кој бил третиран Новак.И покрај несогласувањата околу овој случај, Лами истакна дека со Венс имаат долгогодишни пријателски односи и редовно комуницираат за низа политички прашања.