Граѓаните од Струмичкиот регион кои во наредните денови ќе патуваат кон летувалиштата во Грција треба да имаат предвид дека обиколницата околу Солун привремено ќе биде затворена во ноќните часови на 23 и 24 јули.

Во четврток, 23 јули, од 23:00 до 5:00 часот следното утро, обиколницата ќе биде затворена за сообраќај во двата правци. Возилата што се движат кон Халкидики, како и оние што патуваат кон граничниот премин Евзони, ќе бидат пренасочувани низ градот Солун.

Во петок, 24 јули, исто така од 23:00 до 5:00 часот, ќе биде затворен само правецот кон Евзони, а возилата ќе се пренасочуваат низ Солун. Правецот кон Халкидики ќе функционира нормално.

На возачите им се препорачува навреме да го испланираат патувањето, да очекуваат можни задржувања и да ја следат поставената сообраќајна сигнализација.

The post ВАЖНО ЗА ПАТНИЦИТЕ КОН ГРЦИЈА: Ноќно затворање на обиколницата околу Солун на 23 и 24 јули appeared first on Radio StrumicaNet.