Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ).

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХРМ предупредуваат дека на одделни места ќе има услови и за изолирано невреме со појава на град.

Во четврток попладне и петок процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со услови за појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и посвежо.

The post УХРМ: Утре сончево и топло, попладне можни поројни дождови, грмежи и појава на град appeared first on Radio StrumicaNet.