Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во повеќе делови од земјата.Според прогнозата, локално се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследени со пообилни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 25 до 34 степени Целзиусови.Во Скопје се очекува променливо облачно време, а во одделни делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни поради можноста од локални невремиња и нагли временски промени во текот на денот.