Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР) во текот на вчерашното невреме регистрираше исклучително високи вредности на удари на ветер, приближни до историските рекордни вредности.

На повеќе локации во државата, според податоците на УХМР, беа регистрирани оркански удари на ветер со брзина од над 130 километри на час, што претставува редок и разорувачки метеоролошки настан.

На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17:00 часот, е регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 километри на час со правец запад-северозапа, а во Скопската котлина во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар од 130 километри на час со правец север-северозапад, а час и половина подоцна ветер со истата јачина со правец од северозапад е регистриран и на Автоматската метеоролошка станица Ново Село во Струмица.

На останатите мерни места е регистриран ветер со јачина под 62 до 88 километри на час, соопшти УХМР.

The post УХМР: Оркански ветер пустошеше во Штип, Скопје и Струмица appeared first on Скопско ЕХО.