УХМР ги измери температурите во 8 часот во градовите низ Македонија. На Попова Шапка утрово е најстудено со само 8 степени, додека највисока утринска температура е измерена во Гевгелија, 23 степени.

Утрово во осум часот во Скопје УХМР измери 19 степени.

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови на земјата. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 27 и 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува 13 степени, а максималната ќе достигне 32 степени.

The post УХМР: Горештините попуштија, од петок нова промена appeared first on актуелно.мк.