Две возила утринава околу 4 часот биле зафатени од пожар на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје. Пожарот бил изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица, со што било спречено негово понатамошно ширење.

Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините за избувнувањето на пожарот.

Се очекуваат информации од МВР во текот на денот.