Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено по претежно суви коловози, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќајот е зголемен на патните правци надвор од градските средини поради летната сезона.
На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу два часа поради зголемената фреквенција на возила. На Табановце, пак, за влез во Македонија времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои опасност од одрони.
The post Утрово гужва на границата кон Грција, се чека и по два часа appeared first on Прва Скопска ТВ.