Општина Босилово ги извести граѓаните дека утре (сабота, 13 јуни), локалниот патен правец Турново – Радово ќе биде времено затворен за сообраќај поради изведување градежни работи, односно асфалтирање на коловозот.

Од Општината информираат дека затворањето ќе биде на сила во текот на изведбата на работите, а до сите учесници во сообраќајот е упатен апел да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и насоките од сообраќајните редари, како и да користат алтернативни патни правци.

Од Општина Босилово им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и трпението за време на реализацијата на градежните активности.

The post Утре времено затворен патот Турново – Радово поради асфалтирање appeared first on Radio StrumicaNet.