Во недела, 1 ноември 2026 година, во периодот од 10:00 до 13:00 часот, во централното градско подрачје на Струмица ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржувањето на трката „Струмица на улица – Sunday Run 2026“.

За време на одржувањето на спортскиот настан, за сообраќај ќе бидат затворени повеќе улици и булевари, односно следните делници:

  • Булевар „Ленинова“ – од кружната крстосница со улиците „Цветан Димов“ и „Браќа Миладинови“ до крстосницата со булевар „Маршал Тито“.
  • Булевар „Маршал Тито“.
  • Булевар „Балканска“.
  • Улица „Маршал Тито“ – од кружната крстосница со улица „Крушевска Република“ до крстосницата со улица „Елка Јанкова“.
  • Булевар „Гоце Делчев“ – од кружната крстосница со булевар „Балканска“ до кружната крстосница со улица „Младинска“.

За време на трката, сообраќајот ќе биде регулиран и пренасочуван од полициски службеници на СВР Струмица и волонтери од организацискиот тим. На терен ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација за насочување на возилата кон алтернативни правци.

Организаторите апелираат до граѓаните и возачите за разбирање, трпение и почитување на привремениот режим на сообраќај, како и на упатствата од надлежните служби, со цел безбедно одвивање на трката.

Петтото издание на „Струмица на улица – Sunday Run“ ќе се одржи со учество на над 700 пријавени тркачи, кои ќе се натпреваруваат на патеки од 5, 10 и 21 километар.

The post Утре посебен режим на сообраќај во Струмица поради трката „Струмица на улица – Sunday Run 2026“ appeared first on Radio StrumicaNet.