Поради изведување нов водоводен приклучок, утре (вторник, 10 ноември) ќе има прекин во водоснабдувањето во дел од општина Чаир.Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради поврзување на водоводен приклучок од Ф250 на Ф125 милиметри, без вода ќе останат корисниците од дел од улицата „Џон Кенеди“, додека населбата Топанско Поле ќе биде со намален притисок.Прекинот ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности.