Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека уставните измени не претставуваат крај на барањата, туку можен почеток на нови условувања што Бугарија би можела да ѝ ги наметне на Македонија. Според партијата, отворањето на Уставот може да доведе до дополнителни притисоци и нови предизвици поврзани со македонскиот идентитет.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ и ДУИ со своите досегашни политики ја довеле државата во, како што велат, подредена позиција, со што се создал простор за нови уцени и барања кон земјата.

Во соопштението партијата упатува критики и кон Венко Филипче, тврдејќи дека тој ги поддржува ставовите и барањата кои доаѓаат од Софија.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Македонија нема да прифаќа нови условувања и дека нема да дозволи националните интереси да бидат жртвувани за политички цели.

The post Уставните измени не се последна, туку прва отстапка од барањата на Бугарија, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Прва Скопска ТВ.