
Во страшното невреме, проследено со силен и разорен ветер, Градскиот парк се соочи со тешки последици, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Тој сподели видео на фејсбук, со активностите за расчистување на паднатите дрвја.
„Екипите се на терен и интензивно го расчистуваат просторот и го подготвуваат за ново озеленување и засадување уште повеќе дрвја. Паралелно се спроведува и стручна проценка и маркирање на старите, заболени и небезбедни дрвја. На нивно место ќе бидат засадени нови, здрави садници, со што паркот ќе стане уште позелен и побезбеден“, објави Ѓорѓиевски.
The post УРАГАНОТ СОБОРИ ПОВЕЌЕ ДРВЈА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК Ќе се садат нови дрвја и ќе се обележат старите и небезбедни стебла appeared first on plusinfo.mk.