Володимир Зеленски, претседателот на Украина, објави дека украинските сили уништиле руска воена опрема вредна околу 70 милиони долари во напади, вклучувајќи напредни системи за воздушна одбрана и воен објект. Системот Панцир-С2, командното возило на системот С-400 Триумф и фабриката во Ростовската област биле огодени.

Зеленски додаде дека украинските сили ја погодиле фабриката Каменски во руската Ростовска област, објект што се користи за производство на ракети.

Зеленски им се заблагодари на Безбедносната служба на Украина (СБУ) и на другите единици на одбранбените сили што учествуваа во извршувањето на овие напади и објави сателитска снимка од местото на нападот.

Украинските напади следеа по руските сили кои ја таргетираа енергетската инфраструктура во четири украински региони во ноќта од 31 октомври до 1 ноември. Поради овие напади, утрово стотици илјади домаќинства сè уште биле без електрична енергија.