Утринска сообраќајна несреќа во Германија предизвика голема интервенција на итните служби откако училишен автобус со околу 20 деца излетал од патот и се забил во ѕид од куќа во градот Бад Олдесло, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн.Несреќата се случила околу 7:20 часот на улицата Цилцберг. Од засега непознати причини, автобусот поминал преку кружен тек и удрил во ѕидот на куќата.По судирот, возачот останал заробен во автобусот, а, според полицијата, повредени се една жена и неколку патници.