Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден и покрај тоа што имал активна забрана.

Три лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по едно во Кичево, Тетово, Кавадарци и Кочани. Додека, едно лице во Кичево управувало возило и покрај тоа што за него има активна забрана.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Текстот Уапсени се осум возачи за безобѕирно возење е превземен од А1он.