Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а еден и бил и под дејство на алкохол.

По две лица во Скопје и Прилеп и по едно лице во Кочани, Гевгелија, Кратово, Македонски Брод (малолетник) и Кривогаштани (малолетник) возеле без дозвола.

Лицето во Кратово претходно учествувало во сообраќајна незгода, како и едно од лицата во Прилеп, кое воедно било и под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Текстот Уапсени девет возачи за безобѕирно возење – сите биле без возачка дозвола е превземен од А1он.