Министерството за внатрешни работи одзеде патничко возило „Фолксваген Артеон“ и лиши од слобода возач – почетник на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово кој возел со брзина од 211 километри на час, што е повеќе од двојно над максимално дозволената брзина за возач-почетник на автопат.

-При сообраќајна контрола извршена со радар било констатирано дека 18-годишник, како возач-почетник, управувал со брзина далеку над законски дозволените 100 километри на час, соопшти МВР.

Поради стореното кривично дело, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

The post Уапсен возач-почетник, возел 211 километри на час на автопатот Скопје – Тетово appeared first on Прва Скопска ТВ.