Полицијата уапси државјанин на Романија, бидејќи на Табановце скал да влезе со автомобил баран од Интерпол од Шведска.

-На 25.07.2026 во 02:39 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Л.Ф.(42) од Романија. При пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека неговото патничко возило „волво“ со шведски национални ознаки, со кое допатувал, било предмет на меѓународна потрага распишана од Интерпол Стокхлом – Шведска, соопшти Министерството за внатрешни работи

Од полицијата велат дека лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Н. На Табановце уапсени Србин и Германец, полицијата им нашла марихуана и фалсификувани евра

Граничната полиција на преминот Табановце уапсила државјанин на Германија и државјанин на Србија, бидејќи при ретрес на возилото кај нив нашла марихуана и фалсификувани евра.

Вчера во 17:58 часот на  Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Х.Т.(24) од Германија и А.А.(27) од Србија. При пасошка конрола, гранични проверки и преглед во возилото хјундаи со германски национални ознаки, во кое биле сопатници, при преглед во личниот багаж на Х.Т. кај него биле пронајдени и одземени марихуана и 34 банкноти од 50 евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата кај лицето А.А. биле пронајдени и одземени марихуана и шест банкноти од 50 евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

-Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.