СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против В.К.(41) од Струмица, поради основано сомнение дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „тешки дела против општата сигурност“.

Според информациите од полицијата, на 25 јули околу 22:00 часот и на 26 јули околу 01:00 часот, осомничениот подметнал пожари на трактор сопственост на 70-годишен струмичанец и на патничко возило „Киа“, сопственост на друг жител на Струмица.

Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица, двата пожара биле навреме изгаснати, при што нема повредени лица.

По преземените мерки, В.К. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Струмица. По документирањето на случајот, тој бил изведен пред судија на претходна постапка при Основниот суд Струмица, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

The post Уапсен 41-годишен струмичанец осомничен дека подметнал два пожари appeared first on Radio StrumicaNet.