Сѐ повеќе туристи летово избираат да уживаат на море со СУП даска (Stand Up Paddle), но оние што престојуваат во Грција треба да бидат особено внимателни, бидејќи непочитувањето на правилата може скапо да ги чини.Таков случај е забележан на островот Лемнос, каде што турист бил казнет со 250 евра откако при контрола било утврдено дека користел СУП даска без задолжителен елек за спасување. Настанот се случил на плажата Аи Јанис, а според грчките прописи, оваа опрема е задолжителна за секој што упр