Тројцата осомничени раководни лица од ЈП „Комуналец“ – Гостивар денеска беа спроведени во Основното јавно обвинителство – Гостивар на распит, во рамки на истрагата за контаминацијата на водоводниот систем и епидемијата на стомачни инфекции во градот.
Обвинителството вчера соопшти дека е отворена истрага против директорката Артана Асани и двајцата раководители на гостиварски „Комуналец“ Леон Нуредини и Вадедин Дервиши кои се осомничени „Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење“.
Тие на 25 јуни дале налози на вработени во претпријатието да постават три потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи во близина на преливната комора со вода за пиење за да го тестираат притисокот на водата.
На овој начин дошло до мешање на површинска вода со водата за пиење, а лабораториските анализи покажале значително зголемени вредности на колиформни бактерии и други микробиолошки показатели.
The post Тројцата осомничени за труењето на водата во Гостивар спроведени на распит во ОЈО appeared first on Скопско ЕХО.