Полициски службеници од СВР Струмица синоќа околу 22:30 часот во селото Муртино ги лишиле од слобода Ф.Р.(29), Е.И.(31) и С.Ш.(24), сите од струмичкото село Банско.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при преглед на патничко возило „Пежо“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати тројцата, биле пронајдени кокаин и марихуана.

Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица. Врз основа на судска наредба бил извршен и претрес во домот на Е.И. во Банско, каде што била пронајдена марихуана.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По неговото целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Тројца жители на Банско приведени во Муртино, пронајдени кокаин и марихуана appeared first on Radio StrumicaNet.