Пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица во текот на денешниот ден интервенираа на шест различни локации во Струмица и околните населени места.
По силното невреме, нивни екипи отстрануваа паднати дрвја од патиштата кај Просениково и Добрејци, на патниот правец Куклиш – Свидовица, како и во селото Дабиле.

Пожарникарите интервенираа и при пожар во викендица во близина на браната Водоча, како и при пожар на сува трева во атарот на Добрејци.
На терен веднаш биле испратени три тима пожарникари-спасители, кои постапувале на локациите според утврдените приоритети. Во расчистувањето и санирањето на последиците биле вклучени и екипи на ЈПКД „Комуналец“.

Заедно со службите на терен бил и градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков.
Од ТППЕ Струмица информираат дека активностите продолжуваат до целосно санирање на штетите.
The post Три противпожарни тимови интервенираа на шест локации по невремето во струмичко appeared first on Radio StrumicaNet.