
Граѓани се жалат дека веќе трет ден не можат да извршат уплати на сметки во пошта бидејќи не им работи системот.
– Три дена се шетам по шалтерите во поштите во Скопје и не можам да ја завршам работата. Вработените велат дека имало некаков дефект, но не знаат кога ќе биде отстранет – се пожали читател на Плусинфо.
Неофицијално дознаваме дека проблемот настанал од невремето, и дека ИТ секторот во централата работи на отстранување на дефектот.
Се очекува до крајот на денот системот да биде ставен во функција.
The post ТРИ ДЕНА НЕ РАБОТИ СИСТЕМОТ ЗА УПЛАТИ НА СМЕТКИ ВО ПОШТА Наводно проблемот настанал од невремето appeared first on plusinfo.mk.