
Веќе трет ден апликацијата „МојДДВ“, со која граѓаните скенираат сметки за да добијат поврат на ДДВ, не функционира.
Граѓани се жалат дека апликацијата постојано покажува дека нема „конекција со УЈП“ и со тоа им се ускратува правото на поврат.
Во последната година оваа мерка, која е многу популарна кај граѓаните, постојано доживува проблеми и доцнење со исплатата. Од УЈП се правдаат дека сето ова е поради технички проблем, но очигледно позадината е сосема друга.
Во неколку наврати од директорката на Управата беше кажано дека оваа мерка не ја исполнило својата цел, иако, засега, не планираат да ја укинат.
Граѓаните на социјалните медиуми потврдуваат за проблемите и за доцнењата, како и дека „државата нема пари“ па затоа сето ова се случува.