Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можност за продолжување на големите воени операции против Иран, а во Белата куќа веќе биле презентирани неколку воени сценарија за можни нови напади. Според „Волстрит журнал“, адмиралот Бред Купер, командант на американските сили на Блискиот Исток, во четвртокот се сретнал со Трамп за да го информира за расположливите воени опции.Според американскиот портал „Аксиос“, Трамп лично побарал процена за ефикасноста на поморската блокада на Иран. Разгов