Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека во американско-израелскиот конфликт со Иран досега загинале 18 американски војници. На својата социјална мрежа тој објави графика со споредба на бројот на загинати американски војници во различни војни, меѓу кои Авганистан, Ирак, Виетнам, Кореја и Иран.
Според објавата, во четиримесечниот конфликт со Иран животот го загубиле 18 припадници на американската армија. Претходно, Американската централна команда (CENTCOM) соопшти дека двајца војници загинале во ирански напад врз американска база во Јордан, додека еден се водел како исчезнат. CENTCOM информираше и дека еден американски војник загинал во Ирак при контролирано уништување на неексплодирана боева глава од иранско беспилотно летало. По тој инцидент бројот на загинати американски војници се искачи на 17, а Трамп сега тврди дека достигнал 18.
Американските власти засега не објавија дополнителни детали за околностите под кои е регистрирана последната жртва. Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран продолжува да ја зголемува загриженоста за безбедноста и стабилноста во регионот.
The post Трамп објави дека во војната со Иран досега загинале 18 американски војници appeared first on Скопско ЕХО.