Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова порака на својата социјална мрежа „Трут Соушал“, во која тврди дека и Израел и Иран се заинтересирани за итно примирје.Според Трамп, двете земји покажуваат подготвеност за прекин на огнот, додека преговорите за постигнување мировен договор продолжуваат.„Израел и Иран сакаат моментално примирје“, напиша Трамп, додавајќи дека завршните разговори за мир напредуваат.„Завршните преговори за мир напредуваат, освен ако не бидат попречени од незнаење или глупост“, порача американскиот претседател.Тој истакна и дека американската блокада на иранските поморски пристаништа ќе остане во сила сè додека не биде постигнат конечен договор.Објавата на Трамп доаѓа во период на засилени дипломатски активности и по новите тензии меѓу Израел и Иран, кои предизвикаа загриженост кај меѓународната заедница поради можноста од поширока регионална ескалација.