Еден од најгласните и најдоследни застапници на македонските национални и европски интереси, Петар Богојески, повторно ја разбранува јавноста со своја директна и безрезервна критика кон политиките на Европската Унија. Познат по своите јасни ставови и подготвеноста отворено да говори за предизвиците со кои се соочува Македонија на европскиот пат, Богојески овојпат реагираше на контрадикторните пораки што доаѓаат од европските лидери во однос на процесот на проширување.
Според него, токму недоследноста и различните толкувања на европската политика создаваат разочарување кај граѓаните и ја поткопуваат довербата во европскиот проект. Во својата објава на социјалните мрежи, Богојески упатува остри критики кон Брисел и начинот на кој се третираат земјите кандидати за членство.
Неговата објава ја пренесуваме во целост: https://www.facebook.com/share/p/1cmGd7Sn4U/
„ТРАГЕДИЈА УПМ!
Кошта кажа едно во Скопје… Макрон друго во Црна Гора… Завали Мерц сосема трето…
Веќе не е смешно, трагично е!
Смислиле нов начин на проширување на ЕУ! 😀
Зашто се растурија проширување со стариот начин од 2024… четири прста се отворија!
И што е новиот начин?
Постепено ќе се отварале! 😀
Па постепено од Македонија има ли?
30 години не примаат… и само уште еднаш да ни…
И никако да се отворат!
Трагедија!
ЕУ песимизмот доаѓа од ЕУ лидерите!
Тоа не е руска измислица!
Тоа е бриселски патент! 🤮
#ЕУзаТЕБЕ #упм“
Редакциска забелешка: Ставовите изнесени во објавата се лични мислења на Петар Богојески објавени на социјалните мрежи и не ги одразуваат ставовите или уредувачката политика на редакцијата.The post „ТРАГЕДИЈА УПМ! ОБЈАВА НА БОГОЈЕСКИ ШТО ГИ КАЖА НЕШТАТА БЕЗ ДА ГИ ЗАВИТКУВА ВО ЦЕЛОФАН appeared first on Politika.